Во Сан Франциско прогласена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради зголемениот број на случаи на мајмунски сипаници во американскиот град и недостатокот на вакцини.

Ова ќе им овозможи на локалните власти да мобилизираат дополнителни ресурси и персонал за борба против појавата и да го забрзаат развојот на плановите за итни случаи.

Досега, во Сан Франциско се регистрирани 261 случај на мајмунска сипаница, додека околу 4.600 се регистрирани низ САД, според Институтот за јавно здравје во Сан Франциско, како што објави „Гардијан“.

Слични содржини