Во Саудиска Арабија подготвени да го позлатат Салах

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Шефовите на саудиската Премиер лига се подготвени да и платат на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах повеќе од Кристијано Роналдо.

Во летото 2023 година, Ал-Итихад не успеа да го ангажира Салах за 150 милиони фунти. Тогаш Ливерпул ја отфрли можноста да се раздели со својот стрелец, а самиот играч не изрази желба да замине на Блискиот Исток.

Оттогаш, Египќанецот остана мета на Арапите, кои се подготвени да направат уште еден обид на крајот од оваа сезона кога ќе истече договорот на 32-годишната ѕвезда.

Преселбата во Саудиска Арабија ќе му обезбеди на Мухамед астрономска плата. Роналдо, кој игра за Ал-Наср, има договор вреден 177 милиони фунти по сезона, но Арапите се подготвени да му платат на Салах уште повеќе, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини