Во серијата „Пријатели“ глумел и вистинскиот татко на Чендлер

од Stefanija Kuzmanovska

Поминаа 26 години од првата и 16 години од последната епизода на хит серијата „Пријатели“. Иако фановите едноставно беа убедени дека по толку време тие знаат сè за оваа комедија, еден интересен факт што беше откриен неодамна, изненади многумина.

Имено, во познатата серија глумеше и вистинскиот татко на Чендлер, Џон Бенет Пери.

Џон Бенет Пери во серијата не го играше таткото на неговиот биолошки син Чендлер, кого го толкуваше Метју Пери, туку на момчето на Рејчел, Џошуа. Тој се појави во епизодата The One With Rachel’s New Dress, во која Џошуа, мислејќи дека неговите родители се на пат, ја донесе Рејчел во неговата куќа. Таа се соблекува во долна облека, сакајќи да го заведе, а потоа налетува на неговите збунети родители. Полуголата Рејчел почнува да ги убедува дека ова е всушност нејзиниот нов фустан, според најновата мода, и т отиде дотаму што така облечена заврши во ресторан.

Слични содржини