ВО ШЕСТАТА ДЕЦЕНИЈА ИЗГЛЕДА КАКО ДЕВОЈКА: Деми Мур покажа КАКО СЕ ПРАВИ!

од Vladimir Zorba

Многу холивудски актерки се грижат за нивниот физички изглед во подоцнежните години, една од нив е Деми Мур, поранешната сопруга на Брус Вилис. Нејзиниот изглед предизвика лавина од коментари на обожаватели и вистинска бура на Инстаграм.

Холивудската актерка објави фотографија на Инстаграм во црно бикини што го истакна нејзиното затегнато тело во шестата деценија.

Објавата го покажува нејзиното лице без брчки со очила, без трошка шминка, со коментар: „Подготвена за уште еден ден во рајот!“

Актерката неодамна објави колекција костими за капење „Енди плива“, која ја лансираше со своите три ќерки.

„Дизајнирани се да им ласкаат на сите демографии и големини на телото“, сподели таа.

Костимите за капење чинат од 90 до 150 долари.

Деми Мур и овој пат ги остави своите фанови без здив, а коментарите само доаѓаа.

Слични содржини