Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата година од почетокот на мерењата

од Radmila Tasevska

Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата година барем од 1916 година кога почнаа мерењата, соопшти Националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

Агенцијата го објави тоа на Твитер, истакнувајќи дека тоа е „првпат просечната годишна температура да надмине 15 Целзиусови степени“ и да достигне речиси 15,5 степени.

„До 2011 година температурата не надминуваше 14,5 степени. После тоа, тоа се случи пет пати“, додаде АЕМЕТ.

Слични содржини