Во Шпанија пад на бројот на починати: 809 жртви во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Во Шпанија, во изминатите 24 часа починале од коронавирус 809 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигнаl 11.744 лица, соопшти денес тамошното Министерството за здравство.

Во соопштението се вели дека ова е втор последователен ден во кој е регистриран пад на бројот на загинати, пренесува Ројтерс.

Бројот на потврдени случаи на коронавируси во таа земја е зголемен за 7.026 и сега изнесува 124.736.

Слични содржини