Во Шпанија починаа 56 лица, вкупно 28.628 жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Во Шпанија уште 56 лица починаа како последица од коронавирусот, со што вкупниот број на жртви достигна 28.628, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени лица се искачи на 234.824, додека во четвртокот беа регистрирани 233.037 пациенти, додаде Министерството.

Во четвртокот беше пријавено дека 48 лица починале како последица од коронавирусот, што е првпат од 16 март бројот на смртни случаи на дневна основа да се спушти под 50.

Слични содржини