Во Шпанија починаа 832 луѓе за еден ден

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанија го поминува најтежок ден од почетокот на епидемијата на коронавирус, со 832 мртви од новата болест. Вкупниот број на мртви од вирусот во таа земја сега е 5.690.

Бројот на заразени лица е зголемен за повеќе од 8.000 во последните 24 часа, на 72.284.

Шпанија е при крај на втората недела на ограничувања на движењето и затворање на продавници, но бројот на жртви и новозаразени продолжува да расте.

Во петокот беше објавено дека имало 64.059 регистрирани случаи на заразени и 4.858 починати.

Здравствениот систем е затегнат во најголема мерка во жариштата во Мадрид и Каталонија, каде лекарите, медицинските сестри и возачите на брза помош работат без прекини, а голем број од нив се разболуваат.

Пабло Рохо, лекар од Барселона, вели дека просекот на годините се намалува.

„Тие веќе не се луѓе од 80 години, сега тие се луѓе од 30 и 40 години“, изјави тој.

Слични содржини