Во „Шпанско село” нема судир на интереси, велат од ДКСК

од Берта Китинска

Антикорупционерите не најдоа ништо спорно ниту за предметот „Шпанско Село“.против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси.

Од Комисијата за спречување на корупција велат дека плацовите се купени во време кога тие не биле функционери, пријавени се како имот а бизнисменот десетина години назад ги добивал тендерите во здравствео бидејќи имал најквалитетни понуди.

Антикорупционерите заклучија дека во овој случај ги исцрпиле сите мерки и средства кои им се на располагање а доколку и понатаму постои сомнеж, сметаат дека предметот може да го истражат други институции.

Слични содржини