Во Штип ќе се гради монтажна болница со капацитет од 50 кревети

од Берта Китинска

„Штип се подготвува да изгради монтажна болница со капацитет од 50 кревети , за евентуалниот есенски бран на коронавирус“,најави денес директорот на штипската Клиничка болница Ален Георгиев.

„Монтажните бараки ќе бидат со вкупен капацитет од 50 кревети. Тоа е слободниот простор кај зградата на Детското одделение, кое ќе биде изолирано од мини монтажната болница. Мораме да преземаме вакви мерки уште сега, оти сите најавуваат во септември дека ќе имаме нов бран на ковид-19“, вели Георгиев.

Во моментов на Инфективното одделение во Штип се хоспитализирани 55 пациенти од повеќе градови во Источна Македонија.

Слични содржини