Во Штип протест за достоинствени услови во текситилните фабрики

од Hristina Nikolovska

Попладнево, точно во 12ч, во кругот на фабриката Астибо во Штип, започна протестот за на текстилните работници и работнички кој го организира невладината „Гласен текстилец“.

Целта е надлежните да ги слушнат нивните официјални барања наспроти апсурдните на работодавачите и текстилниот кластер. Организаторите и граѓаните кои протестираат бараат подобри услови за работата, порачуваат стоп за мобингот и за 40 часовно работно време, а исто така бараат да не се работи во недела и празник!

– Ставот на Гласен Текстилец е познат на јавноста, а тоа се подобри работни услови за текстилните, кожарските и чевларските и сите работници воопшто. Праксата од неисплаќање минимална плата, неплатена прекувремена работа и работа на празник, користење на 4-5 дена годишен одмор итн мора да прекине. Денес, испровоцирани од апсурдните барањата на текстилниот кластер, не натера да излеземе и да им кажеме доста е. Денес покажавме солидарност. Нема да застанеме овде, борбата ќе продолжи и ако не допре гласот на работникот до институциите и работодавачите и ваквите протести ќе продолжат. – велат од „Гласен Текстилец“.

На протестот беше побарано покачување на минималната плата во овој сектор, со цел, како што велат достоинствена плата за достоинтвен живот!
Организаторите велат дека протребни се промени по речиси 30годишната експлоатација и не вреднување на трудот во овој сектор!

Фото: Локално 

Слични содржини