Во Швајцарија уапсен граѓанин на С.Македонија осомничен за тероризам

од Vladimir Zorba

Во Швајцарија се уапсени двајца осомничени членови на „Исламска држава“, еден од Косово и еден од Северна Македонија, кој има и швајцарско државјанство.

Како што јавува „КТВ“, тие се уапсени во рамките на серијата координирани акции на западот на Швајцарија, откако по наредба на главниот обвинител биле извршени рации во повеќе објекти.

Тие се уапсени, како што се наведува, под сомнение дека поддржуваат забранети терористички организации.

Слични содржини