Во Шведска се имплантираат чипови со ковид-сертификат

од Vladimir Zorba

Во Шведска, некои луѓе не мора да се грижат дали ќе го изгубат телефонот за да презентираат ковид-сертификат. Затоа што можат да го вградат под кожата со помош на чип…

Слична иновација нуди „Epicenter“ – компанија специјализирана за субдермални микрочипови со големина на зрна ориз, објави британскиот медиум „Метро“. Компанијата неодамна воведе имплант способен за складирање на ковид-сертификат, кој потоа може да се прочита од кој било уред со помош на протоколот за комуникација NFC.

Не само ковид-пасошите може да се чуваат на чиповите. Работи како што се деловните идентификациски броеви, автобуски билети или членски во теретана, исто така, може да се вметнат во телото на една личност.

„Имплантите се многу флексибилна технологија која може да се користи за многу различни работи. Во моментов, многу е погодно да имате ковид-сертификат секогаш достапен на вашиот имплант“, изјави извршниот директор на „Epicenter“, Ханес Соблад за „Ruptly“.

„Во случај батеријата на вашиот телефон да се испразни, секогаш ви е достапен [чипот со ковид-сертификат]. Така, еве како ја користиме оваа технологија денес, следната година ќе ја користиме за нешто друго“, додаде тој.

Како и другите земји, Шведска презема чекори за да го запре почетокот на новиот бран на коронавирус со варијантата „омикрон“. На почетокот на декември, владата објави дека ќе бидат потребни ковид-сертификати за секој настан со повеќе од 100 луѓе.

Според истражувачот на дигиталната култура Моа Петерсен, околу 6.000 луѓе во земјата веќе имаат чип во рацете. Ова не значи дека сите ги вчитале своите ковид-сертификати – но факт е дека тие веќе имаат микрочип во себе за една или друга цел.

Чиповите се имплантираат или во раката или помеѓу палецот и показалецот. Соблад вели дека процесот е 100% реверзибилен.

Дали истото ќе се случи и во други земји? Убеден е Стивен Нортам, директор на британската компанија за човечки импланти „BioTeq“.

„За 10-15 години луѓето со микрочип ќе бидат секојдневие“, рече тој.

„BioTeq“ им нуди на своите клиенти избор помеѓу импланти базирани на NFC или RFID (радиофреквентна идентификација). Љубопитните луѓе можат да резервираат таков чип директно од веб-страницата на компанијата.

Слични содржини