Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени.

Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.

Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“.

Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протестни активности.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода на говор и мирно собирање, но дека протестот претставува кршење на одредбите за јавно здравје.

Полицијата предупреди дека ќе апси за недозволени активности.

 

Слични содржини