Во Скопје изречени 274 сообраќајни казни, 74 за брзо возење

од Vladimir Zorba

При контроли во сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 15 санкции за непрописно престројување возила, 10 за возење без возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи информиарат дека се изречени и седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Слични содржини