Во Скопје санкционирани 219 возачи, 88 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини