На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице е потешко повредено, а петмина се здобиле со лесни телесни повреди.


Во девет сообраќајки регистрирана е само материјална штета.
Шеесет и осум возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 25 возачи биле исклучени од сообраќај и тоа шест поради управување возила под дејство на алкохол еден возач, 17 возачи поради немање дозвола за управување моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 14 возила и тоа 13 бидејќи не биле регистрирани и едно кое било технички неисправно.

Непрописно биле паркирани 109 возила, а 53 биле подигнати од пајак.

Слични содржини