Во Скопје бројот на жители зголемен за 3,9 отсто

од Берта Китинска

Бројката на жители во градот Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со претходниот попис, одржан во 2002 година, е зголемен за 3,9 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

-Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите.

Како што рече Симовски, зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти.

Слични содржини