„Во Скопје нема бесплатен јавен превоз, но има 109 вработувања на партиски кадри“

од Vladimir Zorba

„Изминуваат првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 важни проекти“, соопшти на прес Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Денес, скопјани може да видат дека сето тоа било само предизборна лага на Арсовска.

Денес, во Скопје нема беплатен јавен превоз, нема 10 километри изградени улици, нема нови автобуси, нема едношалтерски систем за јавни услуги, градот не е почист а сообраќајниот хаос е уште повеќе изразен.

Но затоа пак во овие два и пол месеци Данела Арсовска има 109 вработувања на партиски кадри, има партизација на јавните претпријатиа и установи под Град Скопје, има прекинати проекти и огласи важни а развојот на градот“, истакнува таа.

Слични содржини