Во Скопје повредени шест патници и возач откако нагло запрел автобус

од Maja Serafimova

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во 14.55 часот на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, при нагло запирање на автобус „даф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(45) од Скопје, со повреди се здобиле шест патници и возачот.

МВР денеска соопшти дека со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини