Во скопски Карпош и село Крушопек полицијата пронашла дрога

од Milan1

Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Г.Д.(25) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

Исто така вчера во 23.20 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(23) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини