Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење

од desk2

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 77 возачи што ја пречекориле дозволената брзина (10 надвор од населено место и 67 во населено место).

На прекршителите, информираат од МВР,  поднесени им се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се откриени 11 возачи на мотоцикли од кои осум возеле без заштитен шлем, а  тројца без возачка потврда. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.в

Слични содржини