Во Словенија од тестираните речиси секој втор е позитивен на ковид-19

од Milan1

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.257 новозаразени со коронавирус а починале уште десет пациенти, а особено загрижува високата стапка на позитивни тестови.

Од 2.632 тестови, 1.257 се новозаразени, што значи дека 47 отсто биле позитивни тестови, речиси секој втор, потврди денеска Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), пренесува Хина.

Ова е нов рекорд по бројот на позитивни тестови од самиот почеток на епидемијата, кој го надмина вчерашниот рекорд од 42,1 отсто. Растечкиот тренд на позитивни тестови говори за сериозноста на ситуацијата и за високото присуство на вирусот кај населението, оценуваат епидемиолозите, пренесува Бета.

Останатите епидемиолошки податоци исто така се во пораст, со што бројот на активни случаи се искачи на 28.575, а состојбата во болниците се приближува до бројки што може да ја принудат владата да ги заостри мерките.

Во болниците во моментов има 603 пациенти со Ковид, при што во последните 24 часа се примени 58 нови пациенти, а 22 се отпуштени, а десет пациенти починале, покажуваат новите податоци на словенечкото Министерство за здравство.

Слични содржини