Во Словенија откриен англискиот вид на коронавирус, пристигнал од Белгија

од Vladimir Zorba

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес објави дека првиот случај на т.н. англиски вид на коронавирус е откриен кај маж од Косово кој има привремен престој во Словенија и кој се вратил од Белгија. Белгиските власти биле информирани за овој случај.

Пациентот користел негативен тест за влез во Словенија, иако имал уште еден тест кој бил позитивен, па затоа сега е ставен во изолација и се проверуваат неговите можни контакти, рече Јанша на вонредна прес-конференција.

Според него, проверката на неколку стотици примероци на лица со потврден коронавирус во сите словенечки региони веќе започна денес, со цел да се утврди дали станува збор за англискиот вид. Некои од наодите беа позитивни, рече Јанша, но тој ги негираше обвинувањата на некои медиуми дека веќе се потврдени десетина вакви случаи.

Бидејќи се сомнева дека англискиот вид е виновен за стапката на инфекција со коронавирус и претходно, Словенија позајми „неколку илјади“ специфични ПЦР-тестови од словачката влада, кои реагираат само на англиската варијанта на вирусот и работи на набавка на повеќе вакви тестови.

Поради можноста во Словенија да има поголем број заазени со на т.н. англиски вид на коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на анти-епидемиските мерки следната недела, објави Јанша.

loading...

Слични содржини