Доколку има инвазија на Украина, Европската унија треба да го запре увозот на руски гас и нафта и да ја исклучи Русија од меѓународниот платежен систем SWIFT.

Имено, Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува на блокада на увозот на гас и нафта од Русија во случај нејзината армија да ја нападне Украина, пренесе „Дневни аваз“.

Ваквиот став на ЕУ доаѓа откако Русија распореди голем број војници на руско-украинската граница, поради односот кон Алексеј Навал и обвинувањата од Чешка дека руските агенти биле одговорни за експлозијата на складиштето за оружје од 2014 година.

„Ако акумулацијата на армијата во иднина се трансформира во руска инвазија на Украина, ЕУ мора да биде јасна дека цената за такво кршење на меѓународното право и норми ќе биде огромна“, се вели во резолуцијата на Европскиот парламент.

Доколку се случи инвазија, Европската унија треба да го запре увозот на руски гас и нафта и да ја исклучи Русија од меѓународниот систем за плаќање SWIFT и да ги блокира средствата на руските олигарси блиски до властите.

Слични содржини