„Во случај некој да не знае“: Ким Кардашијан објави ВИДЕО кое насмеа многумина

од Stefanija Kuzmanovska

Старлетата Ким Кардашијан сними видео кое со брзина на светлината беше споделено на социјалните мрежи и без сомнение многумина насмеа до солзи.

Имено, старлетата покажа како се ставаат влажни марамчиња во кутија.

„Во случај некој да не знае, еве како да ставите марамчиња во кутијата за марамчиња. Кутијата не ја собира внатре, па го отворате капакот, ги вадите марамчињата, ги ставате внатре. Го враќате капакот и готово“, објаснила Ким.

Ова видео стана вирално, па коментарите во форма на позитивни и негативни критики се наредија под објавата.

„Да, ова видео е навистина нешто што ми требаше“, „Леле, сигурно немаше да го знаеме тоа сами“, „Мозочните клетки ми починаа додека го гледав ова“, „Како да открила топла вода“, се некои од коментарите. Други напишаа дека им е корисно видеото и дека Ким го снимила затоа што луѓето тоа го барале од неа.

Слични содржини