Во Соборниот храм почна чествувањето на „Бадник“: Д-р. Пановски и Врчаковски ја осветија погачата

Во Соборниот Храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје започна чествувањето на Бадник, предгласот за Христовото раѓање.  Одбележувањето на овој денешен голем христијански празник, започна со осветување на погачата и бадниковите гранчиња.

Овогодинешните кумови, Никола Пановски и Миодраг Врчаковски ја осветија погачара од архиепископот и поглавар на МПЦ, ГГ Стефан.

Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а луѓето се во ограничен број поради пандемијата и препораката да нема групирања особено за големите празници.

Поради пандемијата, годинава изостана вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм, а не се одржаа ниту традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Слични содржини