Во Србија 677 нови случаи на коронавирус, осум лица починаа

од Radmila Tasevska

Според официјалните податоци, во последните 24 часа од коронавирусот во Србија починале осум лица, така што вкупниот број на жртви, според официјалните податоци на властите, е 17.493.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 6.042 лица биле тестирани за коронавирус, а 677 биле позитивни, пренесува N1.

На респиратори се 16 пациенти.

Вкупно 209 лица се хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се официјално потврдени 2.439.730 случаи на зараза, се наведува на веб-страницата.

Процентот на смртност е 0,72 отсто.

До 14 часот на 24 декември 2022 година, во Србија се направени 11.813.178 тестови на лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случај.

Слични содржини