Во Србија 2.719 нови случаи на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 2.719 нови случаи на коронавирус, а 35 лица починале од последиците на инфекцијата.

6.174 пациенти се на болничко лекување, од кои 219 се на респиратор, соопшти Министерството за здравство на Србија.

Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 673.520 случаи на коронавирус, 6.130 со смртоносен исход.

Стапката на смртност е 0,91 процент.

Слични содржини