Во Србија пристигна вториот дел од рускиот систем „Панцир“

од Vladimir Zorba

Вториот дел од ракетниот системи „Панцир-С1Е“ за противоздушна одбрана, кој Србија го набави од Русија, пристигна на воениот аеродром Батајница, пренесоа локалните медиуми.

Дел од системот беше испорачан со авион Ан-124 „руслан“, регистарски ознаки РА-82038, исто како и првиот дел од испораката, кој беше транспортиран во саботата, дознава Спутник.

Првиот дел од испораката на шест нарачани системи „Панцир С1“ што Србија ги набавува од Русија пристигна на воениот аеродром Батајница во саботата.

Ова ја направи Србија единствена земја во регионот што го има овој модерен ПВО систем.

Договор меѓу Србија и Русија да се здобијат со една батерија „Панцир“, составена од шест системи, беше склучен минатата година.

Слични содржини