Во стампедо на аеродромот во Кабул повредени 17 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Седумнаесет луѓе се повредени денеска во стампедо на капијата на аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул, изјави претставник на безбедносната служба на НАТО, во време кога западните земји ја интензивираат евакуацијата на нивните дипломати и други поединци.

„На авганистанските цивили, кои се обидоа да заминат откако талибанците го заземаа главниот град во неделата, им беше кажано да не се собираат околу аеродромот, освен ако немаат пасош и патна виза“, изјави официјален претставник што работи на аеродромот, цитиран од „Ројтерс“.

Службеникот, кој не сакаше да биде идентификуван, рече дека не слушнал никакви пријави за насилство од страна на талибанските борци пред аеродромот.

Слични содржини