Во судир со израелските сили повредени 45 Палестинци

од Stefanija Kuzmanovska

Во конфликтот со израелските сили на Западниот Брег повредени се 45 Палестинци, соопшти денеска организацијата Црвена полумесечина.

„Четириесет и пет Палестинци се повредени денеска во судири со израелските сили во близина на населбата Беит Ел кај Рамала на Западниот Брег“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.

Според руската агенција, судирите се случиле на 74-годишнината од „Накба“, позната и како палестинска катастрофа – датум што Палестинците го поврзуваат со основањето на Израел, почетокот на израелската окупација и миграцијата на стотици илјади бегалци на 15 мај 1948 година.

Слични содржини