Во судир со терористи во Јемен загинаа 12 лица, меѓу кои двајца воени команданти

од Stefanija Kuzmanovska

Жестоки судири избија во воен објект на југот на Јемен, по обидот да се уапсат осомничени поврзани со терористичката Ал Каеда. Убиени се 12 лица, меѓу кои и двајца воени команданти, соопштија локалните власти.

Тие додадоа дека конфликтот се случил во четвртокот вечерта во провинцијата Дејл, во центарот на „Безбедносниот појас“, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека загинале двајца команданти, а повеќе детали не биле соопштени.

Слични содржини