Во светот дадени 2,96 милијарди вакцини против корона

од Stefanija Kuzmanovska

Досега се дадени повеќе од 2,96 милијарди дози вакцини против коронавирус ширум светот, според Ourworldindata.org.

Кина е земја со најмногу вакцинирани – повеќе од 1,19 милијарди дози, следена од САД со 323,33 милиони дози, пренесува „Анадолија“.

Дадени се 318,3 милиони дози во Индија, 96,8 милиони во Бразил, 76,77 милиони во Велика Британија, 72,15 милиони во Германија, 52,26 милиони во Франција и 49,89 милиони во Италија.

Земја со најмногу вакцинирани според бројот на населението се Обединетите Арапски Емирати.

Слични содржини