Во светот досега регистрирани вкупно 646 милиони случаи на заразени со корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во светот со коронавирус се заразени 14.799.128 лица, а досега се регистрирани вкупно 646.262.639 случаи на заразени, објави статистичкиот портал „Ворлдометар“.

Досега оздравени се 624.826.934, а починале 6.636.577 лица, стои во податоците до 9:00 часот.

Светската здравствена организација забележува дека податоците за бројот на опоравени не се прецизни, бидејќи не сите земји испраќаат ажурирани списоци. Најмногу заразени со коронавирус има во САД, Индија, Франција, Германија, Бразил и Јужна Кореја.

Слични содржини