Во светот повеќе од 85 милиони лица заразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 1.843.631 лице починало од коронавирусот во светот, а повеќе од 85.051.970 се заразени, објави агенцијата Франс прес денеска.

Најмалку 54.313.600 лица до денес се сметаат за излечени.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Бројките се засноваат на билансите на состојба објавени секојдневно од здравствените власти на секоја земја и ги исклучуваат ревизиите што потоа ги вршат статистичките тела, на пример во Русија, Шпанија или Велика Британија.

Во споредба со вчера, во светот се забележани 8.007 нови смртни случаи и 579.556 нови инфекции.

Земјите со најголем број смртни случаи во последните извештаи се САД со 1.532 смртни случаи, Русија со 482 и Велика Британија со 454.

Слични содржини