Во светот, за еден ден 718.000 нови случаи на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, од кои 35 отсто се потврдени во Европа, објави Светската здравствена организација во денешниот дневен извештај.

Во истиот период, повеќе од 12.000 луѓе починале од последиците на вирусот, пренесува ТАСС.

Според официјалните податоци на СЗО, досега во светот се регистрирани 133,5 милиони пациенти и 2,8 милиони смртни случаи од коронавирус.

Најмногу новоинфицирани има во Европа, скоро 258.000, следени од Северна и Јужна Америка со 247.000 новоинфицирани и Југоисточна Азија со околу 145.000.

Најголем број на регистрирани случаи сè уште има во Соединетите држави, над 30 милиони, по што следат Бразил и Индија, каде бројот на пациенти е околу 13 милиони.

Слични содржини