Актуелно
Почетна / Глобално / Свет / Во светски рамки, 390.868 луѓе починале од коронавирус

Во светски рамки, 390.868 луѓе починале од коронавирус

Најмалку 390.868 луѓе во светот починаа од коронавирусот, додека повеќе од 6.640.290 луѓе биле заразени во 196 земји и територии, објави денеска агенцијата „Франс прес“.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман. Од вкупниот број заразени, најмалку 2.867.400 лица се сметаат за излечени.

Во САД починаа 108.211 лица, заразени се 1.872.660 и излечени 485.002 лица.

После САД, земјите со најголем број смртни случаи се: Велика Британија со 39.904 смртни случаи и 281.661 заразени, Бразил (34.021 починати и 614.941 заразени), Италија (33.689 смртни случаи и 234.013 заразени) и Франција (29.065 смртни случаи и 189.441 заразени лица).

Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 83.027 заразени, 4.634 починати, а бројот на излечиви изнесува 78.327.

loading...