Во Тајван е пријавен првиот смртен случај предизвикан од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Во Тајван е пријавен првиот смртен случај предизвикан од Ковид-19, информира денеска тајванскиот министер за здравство Чен Шин-Чунг.

Починатиот бил на возраст од 60-тина години и бил хоспитализиран на 3 февруари поради опструкција на дишните патишта, што довело до дијагностицирање на пневмонија. Тој починал доцна синоќа, изјави Чен.

Според министерот, еден од членовите на семејството на починатиот исто така се заразил со вирусот.

Чен додаде дека околу 60 членови на медицинскиот персонал, кои биле во директен контакт со пациентот, се негативни на вирусот.

Починатиот бил таксист од централниот дел на Тајван, и не патувал во странство. Сепак, тој работел за патници кои се враќале од Кина, Хонг Конг и Макао.

Покрената е истрага за да се идентификуваат луѓето со кои можеби имал контакт, рече Чен.

Слични содржини