Во Тексас погубен човек кој пред 18 години си го убил семејството

од Aleksandar Petrovski

Маж од Далас, кој пред 18 години ги убил својата жена, двете деца и двајца роднини, денеска е погубен во градот Хантсвил во Тексас.

Абел Охоа бил дрогиран и барал пари да купи уште дрога кога пукал во семејството во својата куќа во август 2002 година.

Тој ја убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи и мајката и сестрата на сопругата.

– Сакам да се извинам на своето семејство, на кое му нанесов тешка емотивна болка, рече Охоа пред да му биде вбризгана смртоносна инекција.

Ова е второ погубување годинава во Тексас и трето во САД.

За наредните месеци во Тексас се најавени уште седум погубувања.

Слични содржини