Во Тексас во камион пронајдени 46 мртви мигранти

од Stefanija Kuzmanovska

Телата на најмалку 46 мигранти се откриени во камионска приколка во Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, што е еден од најсмртоносните инциденти во трговијата со луѓе долж американско-мексиканската граница, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека во камионот, пронајден во понеделникот, покрај пругата на јужната периферија на градот, покрај куп тела, имало уште 16 лица кои се префрлени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни лица, пренесува „Ројтерс“.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард го нарече гушењето мигранти во камионот „трагедија во Тексас“ и на Твитер напиша дека претставници на мексиканскиот конзулат се на пат кон местото на настанот, иако националноста на жртвите се уште не е потврдена.

Слични содржини