Во терористичкиот напад во Виена, загина момче со потекло од струшко Велешта

од Берта Китинска

Во терористичките напади, што се случија синоќа Во центарот на Виена, во терористичките напади кои се  случија вчеравечер е убиено и 21-годишно момче со потекло од струшко Велешта.

Според изјавите на членови на неговото семејството, момчето било излезено во кафуле заедно со неколку пријатели.Момчето најверојатно било застрелано од страна на напаѓачите во моментот кога од кафулето излегол надвор да пуши цигара.

Како што веќе потврдија и тамошните власти, во Виена синоќа загина уште едно лице по потекло од Северна Македонија, односно од селото Челопек, но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.

Слични содржини