Во тешка сообраќајка загина популарен хрватски пејач

од Elena Daskalova

Во тешка сообраќана несреќа во Дугопоље, Хрватска, загинал пејачот Игор Нешиќ, кој бил вокал на бендот Smile, но и популарен тренер за јавање коњи.

Во несреќата се тешко повредени уште две лица. Веста за неговата смрт за крато време ја споделиле голем број негови колеги. Автомобилот поради ударот бил целосно смачкан во предниот дел, а на пожарникарите им биле потребни неколку часа да можат да го извлечат телото на несреќниот музичар.

Според досегашните сознанија, пејачот бил во автомобил сузуки кој се движел во соодветната лента, а од спротивната страна доаѓал пасат кој поради непознати причини излегол од својата лента и директно се судрил со сузукито. Пејачот, наводно, починал на самото место на настанот.

https://www.facebook.com/594674307216145/photos/a.716095558407352/3352016181481930/?type=3&theater

Слични содржини