Во Тетово и Кичево уапсени три лица, кај нив пронајдена марихуана

од Milan1

„Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 22:10 часот во Блок 87 во Тетово ги лишиле од слобода  Д.С.(21) и А.А.(21) од тетовско Горно Седларце и Н.С.(20) од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Во ОВР Кичево вчера во 11:50 часот бил приведен У.С.(31) од Кичево кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Слични содржини