Во Тетово почина пациент од коронавирус, иако бил вакциниран

од Nikola Popovski

62-годишен пациент кој се заразил со Ковид-19, починал во болницата во Тетово, иако примил две дози од вакцината „Синофарм“, соопштија вчера од тамошната здравствена установа.

Раководителот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини, рече дека починатиот пациент ја примил втората доза на вакцината на 6 јули, но посочи дека лицето имало три тешки хронични болести.

Според него, „станува збор за 62-годишен пациент кој имал хронична бубрежна инсуфициенција, висок крвен притисок и кардиомиопатија“.

„Тој бил вакциниран на 6 јули со вакцината „Синофарм“. Лицето било примено со тешка клиничка слика и починал завчера поради други коморбидитети. Инфекцијата сигурно може да се појави по вакцинирањето. За време на имунолошкиот одговор на вакцинацијата, имунолошката одбрана можеби не била целосна или овој пациент не можел да развие имунолошки систем против Ковид-19 поради хроничните болести“, рече Нуредини.

Слични содржини