Во Тетово уапсен скопјанец баран за затворска казна и за изнуда

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Тетово во соработка со служби од Министерството за внатрешни работи привеле скопјанец по кого имало потерница за издржување затворска казна за дело од 2011 година, а во меѓувреме за него имало уште една пријава. Тој од жена од Селце се обидел да изнуди 10 илјади евра.

– Вчера околу 19:20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, лишен е од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна. И.Р. со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот. Инаку, вчера во 14 часот А.К.(34) од тетовско Селце, која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10 илјади евра, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

По приведувањето во СВР – Тетово, 34-годишниот скопјанец е предаден во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

Слични содржини