Во Тирана НЕ Е потпишана заедничка декларација: Курти барал во документот да стои „Република Косово“

од Vladimir Zorba

Заедничка декларација, по самитот на лидерите на Западен Балкан во Тирана, не беше усвоена затоа што премиерот на Косово, Албин Курти, во последен момент побарал во документот да стои „Република Косово“, дознава Танјуг.

Според изворот на агенцијата, таа декларација е усогласувана со денови, но нејзиното усвојување беше напуштено денес.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека самитот на Западен Балкан е потежок отколку што очекуваше и дека повеќе се префрлувале на полето политика, отколку што се разговарало за економски теми.

Според нејзината проценка, денешната средба е вовед во некои следни, вклучително и дијалогот меѓу Белград и Приштина на 15 јуни во Брисел.

Слични содржини