Во Тирана протест против иницијативата „Отворен Балкан“

од Vladimir Zorba

Активисти на Движењето за демократија денеска одржаа симболичен протест против иницијативата „Отворен Балкан“ пред владината зграда на премиерот Еди Рама во Тирана.

Пред владата, активистите изработија билборд со слики, вклучувајќи фотографија на албанскиот премиер Еди Рама како се ракува со српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесуваат албанските медиуми.

Маџит Рамуша од Движењето за демократија рече дека со оваа симболична акција тие изразуваат незадоволство од последните настани, особено постапките на Еди Рама, како и неговите контакти со српскиот претседател.

Слични содржини