Во Токио расте бројот на новозаразени од делта вирусот

од desk4

Во Токио здравствените власти потврдија повеќе од 5.000 луѓе заразени со коронавирус. Поради брзото ширење на варијантата делта  вирус, експертите стравуваат дека здравствениот систем наскоро би можел да колабира.

Иако новозаразените во Токио чија вкупна бројка изнесуа 5.042, се нов неславен рекорд, властите стравуваат дека  бројот на заразени може да се удвои во следните две недели.

Во болниците се примаат само сериозно болни лица. Варијантата на делта вирусот е „многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике.

Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и во нив не смее да се служи алкохол.

Слични содржини