Во центарот на Осло пронајдена и деактивирана експлозивна направа

од Vladimir Zorba

 

Норвешката полиција приведе едно лице откако синоќа во центарот на Осло пронајдена и деактивира експлозивна направа.

Полицијата не наведе повеќе детали за инцидентот, но блокира поголем дел од градот.

Сонителниот предмет – кутија со димензии 30 на 30 сантиметри бил откриен во трговската улица во Гронлан, мултиетнички кварт со голем број барови и ресторани, како и неколку џамии.

Во квартот живеат голем број имигранти од Африка и од Блискиот Исток, а лоцирана е и главната полициска станица на Осло. /МИА

Слични содржини